Top Sport

Шахјтор бара 40 милиони евра надомест од ФИФА

Украинскиот фудбалски клуб Шахтјор Доњецк ја тужи ФИФА и бара 40 милиони евра надомест. Утре Судот за спортска арбитража (ЦАС) ќе расправа за спорот меѓу Шахтјор Доњецк и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), при што украинскиот тим бара отштета од 40 милиони евра поради заминувањето на странски играчи поради војната во таа земја.

Сослушувањето е закажано за четврток во 9:30 часот во Лозана, а претставниците на Шахтјор сметаат дека се финансиски оштетени поради одлуките на ФИФА по почетокот на војната во Украина.

Во еден од документите на ФИФА од јуни годинава пишува дека странските играчи и тренери кои играат во Украина ќе имаат право да го суспендираат договорот до 30 јуни 2023 година, доколку не постигнат договор со клубот.

„Многу странски играчи потоа го напуштија клубот без обештетување. Клубот сака да ги врати загубените 40 милиони евра, а ФИФА треба да ја надомести штетата за која е одговорна“, рече директорот на Шахтјор, Сергеј Палкин во соопштението испратено до АФП.

Во друг документ од 2 јули оваа година, ФИФА наведува дека украинските клубови „може да се соочат со голем број на заминувања“, но смета дека тоа е „неизбежна последица на ситуацијата во Украина“, со ветување дека интересите на украинските тимови ќе бидат заштитени.

Scroll to Top