Шкендија се пласираше во третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, откако двапати славеше против летонска Валмиера. На втората средба на арената „Тодор Проески“ тетовци победија со 3:1 и го потврдија триумфот од Рига.
На прес-конференцијата по натпреварот зборуваше тренерот Артим Шаќири.
„Победата е на играчите бидејќи навистина ја заслужија. Можеби не игравме најдобро на моменти, но, сепак, заслужено се пласиравме во третото коло. Задоволен сум од залагањето на играчите, а сега треба да се фокусираме на следниот противник, АИК. Ги познавам уште од периодот кога играв во Шведска, пред повеќе од две децении. Сигурно ќе добиеме вистински информации за нив и ќе се подготвиме“, изјави Артим Шаќири.