Патрик Шик открива дека голот од неверојатни 45 метри против Шкотска бил планирал откако забележал дека нивниот голман Дејвид Маршал често стои далеку од гол-линијата.
Откако прво им донесе 1:0 водство на Чесите на „Хамден парк“, Шик успеа да постигне еден од најдобрите голови во историјата на Европските првенства, со фантастичен удар од речиси половина терен. Шик вели дека не било случајност.
„Да, видов дека стои далеку од голот. Тоа го забележав во првото полувреме и знаев дека ќе дојдам до ваква ситуација. Знаев дека е далеку и кога дојде топката само шутнав. Мислам дека беше убав гол“, вели Шик.