Искусниот Јапенец, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Шинџи Кагава, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. „Билд“ пишува дека 30 годишниот фудбалер се договорил со Селта.
Кагава е играч на Борусија Дортмунд, но откако во првиот дел од минатата сезона одигра само два натпревари се пресели во Бешикташ. Како позајмен играч тој за Бешикташ постигна четири гола на 14 натпревери.
Имаше најави дека Турците ќе го откупат неговиот договор но тоа не се случи. Сега тој ќе може да си ја исполни желбата и да се пресели во Шпанија.
Она што не е јасно е дали Кагава ќе ѝ биде позајмен на Селта или клубот од Виго ќе го откупи неговиот договор. Јапонецот има договор со Борусија до јуни 2020 година.