Шкендија потврди дека ветераните Бесарт Ибраими и Арменд Алими остануваат во тимот и следната сезона, откако претходно беа објавени повеќе заминувања од тетовскиот клуб.
33-годишниот Ибраими се врати во Шкендија во 2015 година и оттогаш има над 120 настапи и 98 гола за тетовци, додека 32-годишниот Алими е во тетовскиот клуб од 2014 и има над 150 настапи.
Претходно од Тетово си заминаа Агим Ибраими, Марјан Радески и Самир Фазли.