Шкендија со голот на Дашмир Елези стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Академија Пандев за да се одвои на шест поени пред Шкупи на врвот на табелата во Првата лига, додека во дербито Вардар имаше 2:0 водство, но на крајот се задоволи со 2:2 реми со Македонија Ѓорче Петров.
Со победата во Струмица, тетовци собраа 39 поени по 17 кола (11 победи и 6 ремија) за шест поени предност пред Шкупи и Македонија Ѓорче Петров за да останат најголеми фаворити за нова титула.
Вардар во дербито водеше со 2:0 со головите на Мирчевски (19.) и Цветановски (52.), но „лавовите“ се вратија во фантастични десет минути со Халид (57.) и Божиновски (67.). Во другите мечеви, Борец со 2:0 го шокираше Силекс, Пелистер со 1:0 извлече победа над фенерцијата Беласица, додека Струга со 2:1 го победи Работнички.
ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО
Вардар – Македонија 2:2
Академија Пандев – Шкендија 0:1
Борец – Силекс 2:0
Пелистер – Беласица 1:0
Струга Трим Љум – Работнички 2:1
Табела: 1.Шкендија 39, 2.Шкупи 33, 3.Македонија ЃП 33, 4.Струга 25, 5.Борец 25, 6.Силекс 22, 7.Вардар 22, 8.Работнички 21, 9.Ренова 16, 10.Пелистер 15, 11.Академија Пандев 14, 12.Струмица 9.
Фото: ФК Шкендија