Македонскиот прволигаш Шкендија се раздели со бугарскиот интернационалец Наско Милев. Тој дојде како засилување за напаѓачката позиција, но, се чини дека не ги оправда очекувањата на клубот.
Вчера тимот доживеа пораз (0:2) од Сараево на пријателски натпревар.
Шкендија во наредниот период ќе се посвети на ангажман на нов напаѓач со оглед дека тимот го очекуваат и настапи на европска сцена, во Конференциската лига на УЕФА.