Милан Шкриниар имал операција на грбот и најверојатно ќе ги пропушти двата натпревари на Интер против градскиот ривал Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите.
28-годишниот дефанзивец, кој најверојатно ќе му се приклучи на Пари Сен Жермен на слободен трансфер на лето, нема играно од средината на март. Словакот последен беше на теренот за „нероаѕурите“ во осминафиналето против Порто во ЛШ.
„Шкриниар вчера беше подложен на ендоскопска операција и ќе ја следи програмата за рехабилитација во следните неколку недели“, се вели во соопштението на Интер.
Засега не е познато колку долго ќе биде отсуството на дефанзивецот од теренот, а натпреварите меѓу Милан и Интер во полуфиналната фаза во Лигата на шампионите се на 10 мај и на 16 мај.
Шкриниар се пресели од Сампдорија во Интер во 2017 година.