Македонскиот првак Шкупи, ако го елиминира Линколн од Гибралтар, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра против шампионот на Хрватска, Динамо Загреб.
Ова значи дека Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи, ќе се сртне со клубот каде играше во минатото, а пред неколку години и тренер на Б-тимот на „модрите“.
Членови на Динамо Загреб се македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Натпреварите од втората рунда во квалификациите во ЛШ на програмата се на 19/20 јули и на 26/27 јули.