Шкупи се одвои на 13 поени пред Шкендија на врвот на табелата во Првата лига, откако со сигурни 3:1 го совладаа Борец, додека во тетовското дерби, тимот на Артим Шаќири прими гол во финишот за 1:1 реми со Ренова.
Шкупи ја забележа својата 20. победа во 27 кола во шампионатот со релативно лесна победа. Сангор во 18. минута ги донесе Шкупи во водство, за само три минути подоцна да си постигне гол за израмнуваање. Сандеј Адетунџи во 65. минута го врати водството на лидерот, за Гаги Маргбелашвили со убав гол да ја потврди победата за тимот на Гоце Седлоски.
Во Тетово, капитенот Ферхан Хасани ја донесе Шкендија во водство во 36. минута од мечот со прекрасен гол од слободен удар, пред Шефити во финишот на мечот да израмни за Ренова да остане непоразена во дуелите со Шкендија оваа сезона.
„Киксот“ на Шкендија го искористи Академија Пандев, кои со 2:0 го победија Пелистер за да се израмнат со 52 поени со тетовци на табелата.
Фото: ФК Шкендија
ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО
Работнички – Тиквеш 1:0
Академија Пандев – Пелистер 2:0
Македонија Ѓорче Петров – Брегалница 1:1
Шкендија – Ренова 1:1
Шкупи – Борец 3:1
Струга – Скопје 1:0