Лидерот на табелата во ПМФЛ, скопски Шкупи славеше победа со 2-1 на денешниот дуел со второпласираниот тим на табелата – Ренова во рамки на 11. коло од најквалитетната македонска фудбалска лига.
По мирните 45 минути, сите три гола на средбата паднаа во второто полувреме.
Адетуњи ги донесе скопјани во водство во 55 минута, а на 2-0 зголеми Алварез во 69 минута од мечот.
Голот кој им даде надеж на гостите од Џепчиште дека можат да освојат барем бод во главниот град го постигна Мустафов во 83 минута од средбата, но Ренова не успеа да откине од пленот на Шкупи.
По 11 одиграни кола, Шкупи е лидер со 26 бодови, дури 5 повеќе од денешниот ривал.
Трет на табелата пред одигрувањето на натпреварите од ова коло е тимот на Академија Пандев со 18 поени.
Утре се играат преостанатите 5 средби од ова коло:
Борец – Академија Пандев
Пелистер – Брегалница
Шкендија – Работнички
Македонија ЃП – Струга ТЛ
ФК Скопје – Тиквеш
Фото: ФК Шкупи