Top Sport

Шкупи вечерва гостува кај Левски во Софија

Фудбалерите на Шкупи вечерва му гостуваат на Левски, во реванш натпреварот од второто коло во Конференциската лига. Првиот натпревар одигран во Скопје, пред една недела, мина со многу инциденти пред почетокот на дуелот, а истиот заврши со победа на Левски 2:0.

Поради се онач што се счучуваше во Скопје минатиот четврток, УЕФА им забрани на навивачите на Скупи, познати како „Шверцери“, да патуваат на гостувањето во Софија, додека Левски поради дивеењето на нивните навивачи доби парична казна од 40.000 евра.

Шкупи во Софија го очекува полн стадион, домаќинот објави дека се продадени 30.000 билети.

„Не дојдовме овде на екскурзија, ќе дадеме сѐ од себе да се претставиме добро. Доаѓаме со идеи. Сум видел многу во фудбалот, сум играл, овој резултат не е добар, но ќе направиме сѐ да го надминеме и да го заштитиме името на Шкупи и на Македонија“, изјави тренерот на Шкупи, Џихат Арслан.

Неговиот колега, Николај Костов и покрај предноста што ја има Левски, бара неговите фудбалери сериозно да му пристапан на овој натпревар.

„Немаме право да го потценуваме Шкупи, бидејќи се работи за квалитетен состав. Имаат многу добри играчи. Имаме водство од два гола, мора да ги затвораме приодите кон нашиот гол и да не му даваме шанси на противникот. Но, тоа не значи дека ќе се браниме“, рече Костов.

Реванш натпреварот меѓу Левски и Шкупи се игра вечерва од 19:00 часот.

Scroll to Top