Top Sport

Шок за Франција, но и за целиот свет: Карим Бензема го пропушта Светското првенство

Францускиот репрезентативец Карим Бензема, и официјално најдобриот фудбалер на светот, ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Фудбалерот на Реал Мадрид ја обнови претходната повреда на бутниот мускул на тренингот на репрезентацијата. Искусниот член на „триколорите“ го повреди бутниот мускул на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик.

„Никогаш не се откажувам, не сум таков по природа, но во овие моменти морам да мислам на тимот“, изјави Карим Бензема.

Претходно, непосредно пред почетокот на Мундијалот, се повреди Кристофер Нкунку, а Дидие Дешамп не може да смета на уште неколку важни играчи како Н’Голо Канте, Пол Погба и Преснел Кимпембе.

Бензема за Франција одигра 97 натпревари и постигна 37 гола. Ова ќе биде прво Светско првенство по 1978 година, без најдобриот играч на светот за таа година.

Scroll to Top