Top Sport

Судиска грешка на годината, Емполи е грубо оштетен (видео)

Во 18 коло од италијанската Серија Б, тимот на Емполи и гостуваше на Козенца каде загуби со 1-0. Стрелец на единствениот гол за домашните беше Баез во 12 минута.

Сепак овој натпревар ќе биде запаметен по групата судиска грешка на штета на гостинската екипа од Фиренца.

По еден удар на играчот на Емполи, Ричи топката заврши речиси 1 метар зад гол линијата. Сите на стадионот видоа дека голот е чист, но судиската тројка на чело со Ивано Пезути тоа не го забележа.

Во Серија Б не е воведена ВАР технологијата, па одговорноста се уште е само на судиите на теренот.

Оваа грешка може скапо да го чини Емполи кој грчевито се бори за опстанок откако по 18 кола, е на само 3 места над зоната за испаѓање во понизок ранг.

Scroll to Top