Штутгарт во последното коло од Бундеслигата успеа да избори опстанок во елитата, откако го совлада Келн на домашен терен со 2:1. Ендо беше стрелец на победничкиот гол во 92.минута од дуелот.
Херта падна на 16. позиција која води во бараж за опстанок, откако загуби на гости против Борусија Дортмунд со 2:1. Белфодил донесе предност за Херта, но Ерлинг Халанд од пенал израмни, а Мукоко се погрижи за целосен пресврт во Дортмунд.
Роберт Левандовски исто така беше стрелец на погодок во ремито меѓу Волфсбург и Баерн Минхен (2:2). Тоа најверојатно беше и последниот меч за Полјакот во баварскиот тим.
Лајпциг во последен момент обезбеди реми (1:1) на гости кај Арминија Билефелд и ќе игра во Лигата на шампионите. Стрелец беше Вили Орбан.
Унион Берлин го совлада Бохум со 3:2, а Баер Леверкузен славеше над Фрајбург со 2:1.