Top Sport

Штутгарт освои бод кај Аугсбург

Штутгарт се бори за опстанок во Бундеслигата и секој бод му е значаен до крајот на шампионатот. „Швабите“ освоија бод на гости кај Аугсбург откако ремизираа 1:1.

Дион Бељо во осмата минута донесе водство за домаќинот, но израмни Ватару Ендо со голот во 78.минута од дуелот.

Штутгарт сега со 25 бода се наоѓа на 16. позиција, а Аугсбург е три места погоре со 30 бода.

Scroll to Top