Швајцарија првиот натпревар на Светското првенство во Катар ќе го одигра задутре против Камерун. Избраниците на Мурат Јакин се подготвуваат за тој натпревар, но и за посилните дуели кои следуваат против Бразил и Србија, а фотографиите од тренингот открија дека повторно се подготвуваат со помош на напредна технологија.
Швајцарските голмани повторно тренираат со специјални очила. Станува збор за очила произведени од јапонска компанија, кои ја репродуцираат забавената траекторија на топката во видното поле за оние кои ги носат. Ова им дава предност на голманите и го подобрува нивното предвидување за летот на топката. Швајцарските голмани ја користат оваа технологија од 2013 година.