Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со дресот на Њуелс олд бојс во чест на неговиот татко во текот на викендот, но сега побара тој да се откаже од „десетката“ која ја носи во каталонскиот клуб, за таа да биде повлечена во чест на Диего.
Меси, сегашниот носител на славната бројка, во текот на викендот откако постигна гол против Осасуна, соблекувајќи го својот дрес за да го покаже стариот дрес на Њуелс олд бојс (аргентинскиот клуб каде што и двајцата играа), со бројот 10. Потоа, тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш предложи сите клубови на светот да ја повлечат „десетката“ во чест на Аргентина, но Диего Синагра вели дека само Меси треба да си побара нов број.
„Бев навистина трогнат од гестот. Овие денови беа многу емотивни, а гестот на Лео беше навистина посебен, навистина убав. Ме натера на солзи. Исто така гестовите на Наполи, Гимназија, Бока јуниорс. Многу емотивни моменти. Мислам дека ‘десетката’ треба да се повлече само во тимовите каде што играл, вклучувајќи ја и Барселона. Не знам точно што сакам да се случи“, вели Синагра во интервју за шпанска „Марка“.
Инаку, Меси беше казнет со 600 евра за соблекувањето на дресот.