Бразилскиот напаѓач, Габриел Жесус, договорил нова пет годишна соработка до актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити.
Младиот, 21-годишен фудбалер, со овој договор е награден за одличните игри во минатата сезона, во која постигна 17 гола.
Жесус за 18 месеци, колку што е дел од тимот на Сити, во целост ги оправдал очекувањата на менаџерот Пеп Гвардиола, поради што и му било понудено да го продолжи договорот.
Сепак, Жесус, добрата сезона во клубот, не успеа да ја пренесе и во репрезентацијата. На Светското првенство во Русија, беше прв напаѓач кај селекторот Тите, ги одигра сите пет меча и не успеа да постигне гол.