Оперативниот директор на Манчестер сити, Омар Берада, не бил задоволен од календарот во Премиер лигата и фактот дека актуелните англиски шампиони за „Боксинг деј“ ќе треба да одиграат два натпревари за помалку од 48 часа.
„Граѓаните“ на 27 декември (20.45 часот) ќе гостуваат кај Вулверхемптон, а два дена подоцна од 19 часот ќе го пречекаат Шефилд Јунајтед.
„Разочарани сме бидејќи за Божик“ распоредот е толку ‘тесен’. Натпреварите во Премиер лигата бараат добра физичка подготвеност. Не се препорачува да се игра два пати за помалку од 48 часа. Играчите нема да имаат доволно време да се опорават“, рекол Берада и дополнил.
„Разбираме дека телевизиските станици се важен фактор во подготвувањето на календарот меѓутоа мора да се води сметка и за здравјето на фудбалерите“.
Инаку од клубот одржале состанок со челниците на Премиер лигата но не нашле на разбирање.