Top Sport

Сити три недели без Жесус

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус, се повредил во понеделникот на натпреварот против Вулверхемптон поради што нема да може да игра во наредниот период.

Информацијата ја објави Фудбалската федерација на Бразил преку соопштение дека Жесус е повлечен од списокот националниот тим. Жесус нема да игра на натпреварите против Боливија и Перу на 9 и 13 септември.

Жесус против Вулверхемптон го одигра целиот натпревар, постигна гол во 90 минута и го постави конечниот резултат 3:1.

Повредата на Жесус ги зголеми проблемите кои ги има Пеп Гвардиола бидејќи уште најмалку еден месец нама да може да смета да првиот напаѓач Серхио Агуеро.

Според прогнозите Жесус ќе паузира три недели.

Scroll to Top