Top Sport

Скамака јавно се откажа од своите насилни татко и дедо

Италијанскиот напаѓач на Сасуоло, Џанлука Скамака јавно се дистанцираше од „насилните и необјасниви епизоди кои ги направија луѓе со моето презиме“, откако неговиот дедо беше уапсен во Рим, откако предизвикал паника во еден бар и со нож се заканувал на еден од клиентите.

Според „Ил месаџеро“, дедото на Скамака, Сандро Скамака бил уапсен вчера во инцидент кој доаѓа неколку месеци откако таткото на Скамака во мај беа уапсен откако влезе во тренинг-центарот на Рома и со челична шипка уништи четири автомобили.

Скамака, кој лани играше покрај Горан Пандево во Џенова, преку социјалните мрежи се дистанцираше од своето семејство.

„Вторпат во неколку месеци, приморан сум да се дистанцирам од насилните и необјасниви епизоди кои ги направија луѓе со моето презиме. Но, повеќе години имам прекинато било какви врски со тие луѓе. Пораснав со мојата мајка и мојата сестра, и само тие се дел од моето семејство. Никој друг“, напиша Скамака на Инстаграм.

Скамака: Татко ми никогаш не бил дел од мојот живот, шокиран сум од она што го направил

Таткото на Скамака со француски клуч оштетил возила во тренинг-центарот на Рома

 

Scroll to Top