Борусија Дортмунд е во потрага по напаѓач кој ќе го замени Ерлинг Халанд. Речиси е сигурно дека 21-годишниот Норвежанец ќе замине од Дортмунд, по завршувањето на сезоната.
Спортскиот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке, како идеална замена за Халанд го озналич напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака. „Газета дело Спорт“, тврди дека Германците се подготвени да издвојат 45.000.000 евра за овој трансфер. Во Саусоло пристигнала понудата и предлогот, трансферот да биде реализиран веднаш, а Скамака да остане потоа како позајмени играч во Сасуоло до крајот на сезоната.
Проблем е што Скамака не сака да се сели во Бундеслигата. Според „Газета дело Спорт“, Скамака чекал понуда од Интер. Бил убеден дека во Интер ќе има поголема можност за да напредува во кариерата.
Саусуоло се свесни дека по завршувањето на сезоната ќе останат без Скамака. Тие веќе подготвија замена. Нов играч на клубот од „Мапеи“ стадионот е напаѓачот на Пиза, Лоренцо Лука.