Top Sport

Скандал на Либертадорес – Бока си „купи“ пенал со подароци за судиите?

Боливискиот клуб, Олвејс Реди ги обвини ривалите од Бока јуниорс дека се обиделе да ги поткупат судиите пред мечот од Копа Либертрадорес во Ла Паз, на меч на кој аргентинскиот клуб стигна до 0:1 победа со гол од пенал на Тото Салвио.

Клубот ја повикал полицијата, која во соблекувалната пронашла четири дреса и пакет подароци за четирите перуански судии, Кевин Ортега, Михаел Оруе, Хезус Санчез и Аугусто Менендез.

„Полицијата дојдо по нашиот повик и во присуство на судиите утврди дека имаше подароци од Бока во соблекувалната. Дали е дозволено судиите да добиваат подароци? Ако ЦОНМЕБОЛ не го казни судијата, тогаш и федерацијата ќе биде соучесник“, вели претседателот на клубот, Андрес Коста.

Сопственикот на Олвејс Реди, Фернандо Коста, кој инаку е син на претседателот на Боливиската фудбалска федерација (БФБ), пак предупреди дека ќе одат до крај со случајот. Со победата, Бока се искачи на второто место во групата Е со 6 поени, зад лидерот Коринтијанс, трети се Депортиво Кали, додека на последното место се Олвејс Реди со 4 поени.

Scroll to Top