Top Sport

Сместување во навивачкиот град во Катар 200 евра, едно пиво во бар 100 евра!

Иако Катар претходно призна дека ќе плати група на навивачи да присуствуваат на Мундијалот, тие кои ќе решат индивидуално да патуваат на Блискиот Исток за најдобриот фудбал ќе треба да имаат длабоки џебови.

Спортските барови, една од ретките локации каде што ќе може да се конзумира алкохол, веќе најдоа шанса за добра заработувачка – „Чемпионс спортс бар“ во хотелот „Мериот“ во Доха веќе постави цена од 1.000 ријали (околу 270 евра) за пристап за гледање на полуфиналето и финалето, со ваучер за три пијачки. Мечевите од групната фаза се поевтини – 200 ријали (околу 50 евра), но доколку сакате да добиете уште пијачки – секоја ќе ве чини по 100 евра. Цените на алкохолот во Катар се меѓу највисоките на свеетот поради таканаречениот „данок на грев“.

Доколку не сте по алкохолот, сепак, ќе морате да најдете сместување, а организаторите се погрижија со формирање на таканаречени „села за навивачи“, каде што сместувањето е по 200 евра по вечер.

Scroll to Top