Top Sport

СМС и Лацио ја декласираа Џенова, Пандев одигра едно полувреме (видео)

Лацио стигна до убедлива 4:0 победа над Џенова на Горан Пандев, кои сега имаат четири меча без пораз и веќе на стартот на сезоната се во зоната за испаѓање.

Лацио стигна до водство уште во седмата минута преку Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а во 40. минута Стефан Раду зголеми на 2:0. Македонскиот капитен Пандев влезе во игра во второто полувреме, но за „Грифоне“ ништо не се смени – во 59. минута на асистенција на Милинковиќ-Савиќ, Каиседо зголеми на 3:0, за Чиро Имобиле во 78. минута да го комплетира високиот триумф за тимот на Симоне Инзаги.

До победа стигна и нивниот римски ривал, Рома, за кои Един Џеко го постигна единствениот гол за 1:0 триумф на гости кај новиот прволигаш Лече. Александар Коларов имаше шанса да го удвои водството во 80. минута, но утна пенал.

СЕРИЈА А

Лацио – Џенова 4:0

Лече – Рома 0:1

Удинезе – Болоња 1:0

Scroll to Top