Top Sport

СМС оди на позајмица во Интер

Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) би можел во јануарскиот преоден рок да го напушти Лацио и да се пресели во Интер, пишува „Кориере дело спорт“.

Интерес за СМС постоеше кај неколу тимови во летниот преоден рок, но поради цената тој остана во Рим. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, не сакал да го продаде својот најдобар играч за сума помала од 120 милиони евра.

Неколку месеци подоцна Лотито сигурно се кае што не прифатил некоја од бројните понуди во летниот преоден рок. СМС е далеку од формата, во која се наоѓаше минатата сезона, на 18 натпревари има постигнато само еден гол.

Успеа да го навлече и гневот на навивачите кои посакуваат тој да замине од Лацио. Викденвов по мечот со Сампдорија (2:2), хулиганите на Лацио истакнаа транспарент на кој пишуваше : „Милинковиќ-Циган“.

Поради тоа „Кориере дело спорт“ пишува дека СМС ќе го напушти Рим. Негова следна дестинација ќе биде Интер, бидејќи новиот спортски директор Бепе Марота е голем фан на српскиот репрезентативец.

Мартота летово се обидувапе да го донесе во Јувентус, а во исто време Интер испрати неколку понуди за СМС.

„Кориере дело спорт“ пишува дека СМС, во зимскиот преоден рок, би пристигнал во Интер како позајмен играч, а потоа би го откупиле неговиот договор во летниот преоден рок.

Навредлив транспарент: Милинковиќ-Циган

Scroll to Top