Почна нова потрага по фудбалерот на Кардиф сити, Емилијано Сала и неговиот пилот Дејв Иботсон откако преку Интернет, фудбалските фанови и фудбалските ѕвезди собраа над 300.000 евра за да се овозможи ова.
Кампањата беше покрената од „Спорт ковер“, менаџерската компанија на агентот на Сала, Меиса Н’Диаје, кој самиот даде 20.000 евра и голем број на фудбалери донираа пари за да помогнат – Калифа Кулибали, Самуел Мутусами, Николас Палоа и Фабио од Лил, заедно со тренерот Вахид Халилхоџиќ, но и Клорентин Толисо, Лукас Лима, Џефри Кондогбија, Норди Мукиеле.
Килијан Мбапе и Адриен Рабио од ПСЖ дадоа 55.000 евра за да се премине границата од 300.000 евра за финансирање на потрагата на Ла Манш. Полицијата почна со барањето во понеделникот откако авионот го снема од радарот, но во четвртокот беше оценето дека нема шанси да се пронајдат делови од авионот и потрагата официјално сопре.