Денеска Оле Гунар Солксјер се наоѓа пред уникатен предизвик – да го победи стариот ривал на Манчестерјунајтед, Ливерпул за да си ги зголеми шансите да биде именуван за постојан тренер и во исто време да ги намали нивните шанси за титула.
Пред дербито, фудбалерот кој постигнуваше три гола во дерби-мечевите против Ливерпул, не можеше да не се „закачи“ со ривалите, кои 29 години чекаат на англиска титула.
„Во Норвешка има многу навивачи на Ливерпул и секоја година го слушаме истото – ова е нивната година. Така е до октомври, и потоа си велат: ’Океј, следната година’. Оваа сезона конечно се во трка за титулата, така што ќе биде интересно да се види финишот на сезоната. Меѓутоа, тоа не е наша грижа, и ние се концентрираме на нашиот клуб“, вели Солксјер.
Солскјер додава дека притисокот е кај Ливерпул, но ги предупреди Манчестер јунајтед дека оваа сезона ќе биде шеста без трофеј од Премиер лигата и дека не треба да се задоволуваат со второ, трето или четврто место.
„Тешко е да се освои Премиер лигата. Можеби најтешка лига на светот, бидејќи ако погледнете само пет-шест клуба ја освоиле Премиер лигата. Лестер го направи тоа, што беше чудо, Блекбурн претходно исто така, но потоа има само неколку големи клубови – Јунајтед, Челси, Арсенал, Сити. Секако дека во Ливерпул чувствуваат притисок. И навивачите и фудбалерите. Но, и ние немаме освоено неколку години и мораме да се вратиме на врвот. Не смееме да бидеме задоволни со топ 4 пласман“, вели Солскјер.