Оле Гунар Солскјер го испофали својот многу критикуван фудбалер од средниот ред, Фред, велејќи дека Бразилецот ги преводи кон топ 4 пласман.
Без Пол Погба и со повредениот Скот Мектоминеј, Фред командуваше со средниот ред при 2:0 победата на гости кај Барнли по која тие се на само еден поен од четвртопласираниот Челси и Солскјер вели дека Фред полека ги оправдува 52-те милиони фунти кои ги платија на Шахтјор.
„Мислам дека Немања Матиќ и Фред играа навистина добро. Не верувам дека многумина од вас новинарите пред три или четири месеци ќе најавеа дека Фред ќе биде нашиот најдобар фудбалер. Многу сум задоволен од неговата игра. Стануваме подобри и иако имавме многу ремија на стартот на сезоната, имаме само еден пораз во декември што не е лошо за тим кој уште учи. Сега сакам два месеци да не загубиме“, вели Солскјер.