Легендарниот поранешен фудбалер и менаџер на Манчестер јунјтед, Оле Гунар Солскјер му го честитал трансферот на норвешкиот сонародник и поранешен пулен, Ерлинг Халан во Манчестер сити со порака дека отишол на „погрешната страна“ во Манчестер.
Сити го купија Халанд за релативно ниски 51.2 милиони фунти минатиот месец, за тој да потпише петгодишен договор со 375.000 фунти неделна плата (највисока во клубот покрај таа на Кевин дед Брујне), и тој се приклучува тимот за кој играше неговиот татко Алф-Инге Халанд. Солскјер, кој му беше тренер на младиот Халанд во норвешкиот Молде, му пратил посебна порака на голгетерот.
„Кога потпишав со Сити, тој ми честиташе и ми напиша: ‘Многу среќа со одење на погрешната страна на Манчестер’. Уште разговараме понекогаш. Како што знаете, тој имаше огромно влијание на мојата кариера кога бев во Молде. Тој е добар човек“, вели Халанд.