Оле Гунар Солскјер луто реагираше кон поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Робин ван Перси, кој го критикуваше менаџерот на „ѓаволите“ за неговата насмевка по 2:0 поразот од Арсенал.
Ван Перси изјави дека Солскјер нема „причини за смеење“ по поразот во средата, а Норвежанецот луто реагираше кога тоа му беше споменато. Ван Перси го наследи бројот 20 од Солскјер во 2012, пет години по пензионирањето на Норвежанецот.
„Јас не го познавам Робин и Робин не ме познава мене. Тој нема право да ме критикува и нема да се променам. Тој од мене го зеде бројот 20 и најверојатно тоа ќе биде последното. Не сме во средниот век за да имаме такви мислења“, изјави Солскјер.
Норвешкиот тренер исто така одговори и на агентот на Пол Погба, Мино Рајола кој изјави дека „ѓаволите“ ги уништуваат фудбалерите и дека таму би пропаднале и Пеле, Марадона и Паоло Малдини.
„Агентите не треба да ги коментираат клубовите. Пол е посветен на враќањето на фудбалот. Тешко е кога си повреден и зборуваш за различни работи. Нека се врати на теренот и таму да го каже своето“, додаде Солскјер.