Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон го зазеде 11. место на ранг-листата за „Златната топка“, што е најдобар ранкинг во историјата за фудбалер од Азија. Минатата сезона јужнокорејскиот интернационалец одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и осум асистенции.
Сон е во Европа од својата 16-та година, а дебитираше во сениорскиот фудбал со Хамбургер. Во 2013 година се пресели во Баер Леверкузен, а по две сезони минати во тимот на „фармацевтите“ потпиша со Тотенхем и се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата.