Top Sport

Проблеми кај „кралевите“: Ертел и Томпкинс отстранети поради недисциплина

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид одлучи да отстрани двајца играчи од првиот тим поради нарушување на дисциплината. Нервозата поради лошите резултати, меѓу кои има и осум порази на последните десет натпревари, се вовлече во тимот, а поради нарушување на клупската дисциплина од тимот се отстранети Томас Ертел и Треј Томпкинс.

Конфликтите во тимот веројатно ќе го чинат Ертел продолжување на соработката, а блиску до заминување е и Треј Томпкинс. И на двајцата им истекуваа договорите на крајот од сезоната и Реал Мадрид е подготвен да ги ослободи. Дисциплината и недостигот на спортски дух на Ертел го чинеа разделба претходно и со Барселона.

Томпкинс пристигна во Реал во 2015 година и долго беше еден од најверните „војници“ на Пабло Ласо. Освои се што може да се освои, но очигледно постои заситеност и разделбата е неизбежна.

Сето ова доаѓа пред клучен период од сезоната. Реал од третото место се пласираше во плеј-офот во Евролигата и ќе игра против Макаби или Ефес.

Scroll to Top