Борна Соса утре нема да игра за хрватската репрезентација против Јапонија во осминафиналето на Светското првенство.
Стандардниот лев бек е надвор од теренот поради вирус. Тестовите за корона покажаа дека тој е негативен, но Соса не се појави на последниот тренинг.
На прес-конференцијата, селекторот Златко Далиќ, објасни дека Соса бил исцрпен по натпреварот со Белгија бидејќи се пожалил на замор. Левиот бек на Штутгарт ги одигра сите три натпревари за Хрватска во досегашниот тек од СП.
Борна Баришиќ треба да го замени Соса во првите 11 на Хрватска. Јосип Станишиќ не беше присутен на денешниот тренинг поради повреда на мускулот.