Top Sport

Сосема неочекувано! Погба: Мурињо ме направи подобар фудбалер!

И покрај тоа што сите вести зборуваа за директен „дуел“ меѓу Пол Погба и Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ како една од главните причини за отказот кој го доби португалскиот тренер, ѕвездата на Манчестер јунајтед му се заблагодари на Мурињо за нивната соработка.

Погба призна дека многу работи „не функционирале добро“ со Мурињо, но вели дека станал подобар фудбалер по соработката која траеше две и пол години. По 1:5 победата на гостувањето кај Кардиф во првиот меч под водство на Оле Гунар Солскјер, Погба беше великодушен со зборовите.

„Знам дека чекате да кажам нешто за Жозе и за резултатот во овој меч. Од победата сум пресреќен, бидејќи игравме добро, го дадовме максимумот, и знам дека сега следува: ’Ама, Жозе…’. Со него освоивме трофеи и сакам да му се заблагодарам на тоа. Не секогаш функциониравме добро, но некои работи беа добри, како титулите. Со титулите стануваш подобар фудбалер и подобра личност. Сакам да му се заблагодарам за тоа. Сега, сите гледаме кон следниот меч, следните поени. Тоа е сѐ што сакам да кажам“, изјави Погба.

„Петарда“ од Јунајтед за Кардиф, деби од соништата за Солскјер (видео)

Scroll to Top