Top Sport

СП 2022: Почнува второто коло

Четири натпревари, по два во групите А и Б, се на денешната програма на Светското првенство во Катар. Со нив почнува второто коло од групната фаза на Мундијалот во Катар.

Денот ќе го отворат Иран и Велс во 11 часот, а потоа следи дуелот меѓу Катар и Сенегал.

Три часа подоцна (15 ч.) е пресметката меѓу Холандија и Еквадор кои остварија победи на стартот, а вечерниот термин е резервиран за Англија која ќе се сретне против селекцијата на Соединетите Американски Држави.

Scroll to Top