Top Sport

СП 2022: Србија против Бразил

Четири натпревари, по два во групите Г и Х, се на денешната програма на Светското првенство во Катар. Првите натпревари ќе ги одиграат фаворитите за највисок пласман Бразил и Португалија.

Денот ќе го отворат и затворат натпреварите во Г групата. Во 11 часот Швајцарија ќе игра против Камерун, а од 20 часот Србија ќе му се спротивстави на Бразил.

Во Х групата, Уругвај за противник ќе ја има Јужна Кореја, натпреварот ќе започне во 14 часот, а три часа подоцна Португалија ќе игра против Гана.

Scroll to Top