Top Sport

Панатинаикос славеше по продолжение, Теодосиќ трагичар за Виртус

Комплетирано е деветтото коло во Евролигата. Панатинаикос по продолжение го победи Виртус со 88:85, Баерн на гостински терен го совлада Асвел со 75:74, додека Басконија во Виторија го декласира Жалгирис со 93:73.

ПАО дури по дополнителни пет минути го „скрши“ тимот од Болоња во Атина. Во атинската драма трагичар беше Милош Теодосиќ.

Парис Ли израмни на 10 секунди до крајот на „зелените“, додека Милош Теодосиќ го промаши шутот за победа. Се отиде во продолжениe каде имаше слично сценарио.

Двејн Бејкон погоди две слободни фрлања на шест секунди до крајот за водство на домаќинот со три поени. Одговорноста повторно ја презеде српскиот плејмејкер кој уште еднаш не успеа да постигне кош.

Вилијамс беше најзаслужен за триумфот на Панатинаикос со 26 поени и осум скока, а го следеше Нејт Волтерс со 18 поени. Кај гостите Жаите постигна 20 поени, а Милош Теодосиќ постигна 12 поени и имаше пет асистенции.

Во Лион уште една драма и победа на Баерн, па сега двата тима имаат скор од 3-6. Владимир Лучиќ ги предводеше Баварците со 15 поени, Огњен Јарамаз додаде седум. Кај домашниот тим се истакна Де Коло со 15 поени.

Басконија со фуриозна игра во вториот дел го совлада Жалгирис, а најзабележителни беа Костело и Томпсон со по 19 поени.

Улановас со 18 поени го предводеше тимот на Жалгирис.

Scroll to Top