Top Sport

Девојките со сили за едно полувреме, нов пораз од Норвешка

Македонската ракометна репрезентација загуби со 32:27 (14:14) од Норвешка во меч од ЕХФ Еврокупот, во меч во кој девојките имаа сили за едно израмнето полувреме против големиот фаворит.

Со поразот се става крај на настапот во Еврокупот, кој го завршивме со шест порази во тешка група со Норвешка, Црна Гора и Словенија.

Дабевска беше најефикасна со пет постигнати голови, додека кај норвешката репрезентација најефикасна беше Сирум Новак со дури девет гола во нашата мрежа.

Scroll to Top