Top Sport

Спалети: Не сум преговарал со други клубови

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, ги демантираше гласините дека добил понуди од други клубови. 64-годишниот стратег ги демантираше пишувањата на италијанските медиуми дека на лето ќе го напушти Неапол.

„Немаше потреба да се преговара. Не сум одбил зголемување на платата. Не е точно дека сум добил понуди од други клубови, тоа не е точно. Не чекам други клубови и воопшто не сум имал други понуди. Дури и претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис го истакна токму тоа. Тој има многу сериозни амбиции во Лигата на шампионите и го однесе клубот од нула до титулата“, изјави Спалети.

Наполи ќе го добие „скудетото“ по последниот натпревар од сезоната, дома против Сампдорија на 4 јуни.

Scroll to Top