Спарта Прага луто одговори на обвинувањата дека постоел расизам во постојаното исвиркување на фудбалерот од средниот ред на Глазгов Ренџерс, Глен Камара на вчерашниот меч од Лига Европа, посочувајќи дека публиката на стадионот биле деца.
Спарта добија забрана за присуство на гледачи на својот „Летна“ стадион поради расистичките навивања кон Орелиен Чуамени од Монако минатата сезона, но УЕФА дозволи 10.000 деца да присуствуваат на вчерашниот меч, кој го добија со 1:0.
Камара беше мета на постојано исвиркување, а публиката се радуваше кога во 74. минута тој доби втор жолт картон. Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард ја критикуваше УЕФА за дозволата за публика на стадионот, откако Чехот Ондреј Кудела од Славија Прага беше казнет 10 меча за расистичка навреда токму кон Камара.
Спарта одговорија со соопштние.
„Неверојатно е да гледаме како се нападнати невини деца со неосновани обвинувања за расизам. Навредите кон децата на Интернет и преку медиумите е неприфатливо, очајнички и смешно. Нашиот клуб ќе ги брани децата, нашата гордост и иднина. Следиме постојани ксенофобични изјави кон Чешката Репбулика, нејзините жители и дури децатан а социјалните мрежи“, се вели во објавата на Спарта.
Десет илјади чешки деца не му заборавија на Камара, свирежи при секој допир