Top Sport

Спас за Дерби каунти – конечно, најдоа купувач

Навивачите на поранешниот англиски шампион Дерби Каунти, конечно, добија добри вести откако локалниот бизнисмен Дејвид Клоувс и неговата „Клоувс девелопмент“ го комплетираа преземањето на клубот, кој една година беше во стечај.

Дерби испадна во третата англиска лига (Лига 1), откако добија казна од 12 поени во септември поради финансиските проблеми, а неодамна од клубот си замина менаџерот Вејн Руни.

„Стечајните управници, Ендру Хоскинг, Карл Џексон и Ендру Андронику се презадоволни што можат да ја потврдат продажбата на клубот на ‘Клоувс девелопмент’ за сума која нема да биде објавена. Со ова, клубот излегува од стечај во сопственост на истат компанија која го има и стадионот на клубот, ‘Прајд парк’. Со ова се решава долгорочната иднина на клубот“, се вели во објавата.

Откако беа на чекор од враќање во Премиерлигата во 2018/19 по Френк Лампард, тие завршија на 10. место во следната сезона и само 21. во 2020/21, избегнувајќи испаѓање за само еден поен. Минатата сезона поради огромната бодовна разлика по казната, тие не успеаја да опстанат во Чемпионшип и испаднаа првпат во третата лига од 1985/86.

Дерби каунти се еден од 12-те основачи на Фудбалската лига во 1888 година, а во 1970-тите освоија две титули во тогашната Прва дивизија под легендарниот тренер Брајан Клоф.

Scroll to Top