Жозе Мурињо, повеќе не е тренер на Тотенхем. Португалецот, доби отказ на само шест дена пред финалниот натпревар во Лига купот против Манчестер сити.
Англиските медиуми открија дека променливите резултати не му пресудиле на Мурињо, туку добил отказ бидејќи, во знак на протест одбил да го одржи утринскиот тренинг.
Португалецот, протестирал против Суперлигата. Тотенхем е еден од основачите на лигата.
Тотенхем, во Премиер лигата, се наоѓа на седмото место со 50 поени.