Светските вице-шампиони, фудбалерите на Хрватска, добија спектакуларно, шампионско добредојде од целата држава. Авионот со кој фудбалерите се вратија во Хрватска, на аеродромот во Загреб слета околу 15:20 часот.
Уште на аеродромот Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ, Субашиќ, Врсаљко, Вида и останатите беа пречекани од бројни навивачи, а откако влегоа во панорамскиот автобус се упатија кон главниот плоштад „Бан Јелачиќ“, во Загреб.
На плоштадот според полициски проценки репрезентативците на Хрватска и стручниот штаб биле пречекани од преку 60.000 луѓе. Некои од хрватските медиуми шпекулираа дека на плоштадот имало околу 100.000 луѓе.
Heroji sletjeli u Zagreb! Ludnica na aerodromu, na Trgu ih čeka 80 tisuća ljudi
Posted by Index.hr on Понеделник, 16 јули 2018