Каталонскиот медиум „Спорт“ тврди дека Интер ја прифатиле понудата од Барселона за Лаутаро Мартинез. Според овој извор Интер се согласиле да добијат двајца играчи и 60 милиони евра.
Не се познати имињата на фудбалерите што ќе се преселат на „Џузепе Меаца“. Најверојатно еден од нив ќе биде Чилеанецот Артуро Видал. Вториот ќе се бара помеѓу Иван Ракитиќ, Карлес Алења, Самуел Умтити, Нелсон Семендо
Лаутаро има откупна клаузула од 111 милиони евра.