Top Sport

Србија без Вељковиќ против Швајцарија

Србија и Швајцарија, вечерва, го играат клучниот натпревар за пласман во осминафиналето, на СП во Катар. Од оваа група, Бразил избори место во нокаут фазата, а свои математики за пласман во осминафиналето има и Камерун.

Дуелот со Швајцарија ќе го пропушти Милош Вељковиќ. Централниот дефанзивец, го одигра првиот меч против Бразил, а во второто коло, против Камерун, играше 77 минути, кога го напушти теренот поради повреда.

Според српските медиуми, во стартниот состав на Србија ќе влезе искусниот играч на Хетафе, Стефан Митровиќ.

Србија мора да победи доколку сака место во осминафиналето. Медиумите најавуваат ултра офанзивен тим со Вања Милинковиќ-Савиќ на голот, Павловиќ, Митровиќ и Миленковиќ во одбраната, Лукиќ (Гудељ) и Сергеј Милинковиќ-Савиќ како дефанзивни играчи за врска, Живковиќ и Костиќ како винг-бекови, а позади двајцата напаѓачи Влаховиќ и Александар Митровиќ ќе игра капитенот Тадиќ.

Scroll to Top