УС Чита ди Палермо, официјалниот претходник на сегашниот клуб од Сицилија, официјално престана да постои по 32 години.
Денеска судот за банкрот во Палермо го прифати барањето на обвинителите и го ликвидираше стариот тим, во кој до лани играа македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.
Според „Кориере дело спорт“, Андреа Ѕампарини, синот на поранешниот сопственик, Маурицио, дал понуда од 10 милиони евра за подмирување на долговите, но овие средства не биле доволни.
УС Чита ди Палермо беа формирани во 1987, како четврта верзија на клубот од престолнината на Сицилија, од кои првиот е основан во 1900. Тие ги имаа најдобрите резултати во историјата на клубот, завршувајќи на петтото место во Серија А трипати во 2000-тите, пред во 2011 да играат во финалето на Копа Италија. Меѓутоа, лани тие беа исклучени од Серија Б поради финансиски нерегуларности иако беа во позиција да се борат за влез во Серија А.
По ова, комплетно нов тим, ССД Палермо беше основан и настапува во најниската италијанска лига, Серија Д.