Челниците на фудбалот во Саудиска Арабија тргнаа во инвазија на светските фудбалски ѕвезди. Секојдневно некое ново име добива понуда да се пресели на Блискиот Исток, а овојпат може да биде поврзано и со македонски репрезентативец.
Дарко Велковски, кој го носи дресот на Ал-Етифак, од следната сезона би можел да добие нов тренер, и тоа англиската фудбалска легенда Стивен Џерард.
Како што јавува „Ројтерс“, Џерард добил фантастична понуда да се пресели во Саудиска Арабија. Легендарниот фудбалер на Ливерпул, како тренер имаше одлични резултати со Глазгов Ренџерс, а потоа ја предводеше и Астон Вила.