Top Sport

Столе Димитриевски и Рајо испуштија победа против Гранада

Рајо Ваљeкано не успеа да оствари победа на гости против Гранада откако одигра 2:2. Тимот на Столе Димитриевски имаше водство до 90.минута, кога беше досуден пенал за домаќинот, а Луис Мила го претвори во израмнување.
Алехандро Катена и Серхио Гвардиола донесоа предност од 0:2 за Рајо, а на почетокот на второто полувреме гостите останаа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Санти Комесана.

Хорхе Молина во 67.минута го намали резултатот, а Рајо Ваљекано имаше победа в раце до завршницата. Но, Гранада успеа да израмни од пенал.

Валенсија и Кадиз одиграа без голови на „Месталја“.

Scroll to Top